По повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, Националната галерија, веќе традиционално, организира тематска изложба посветена на овој празник, воедно, испраќајќи честитка до сите жени. Овогодишната изложба од колекцијата на Националната галерија е насловена „Мајчинство“, поставена во Чифте-амам, во Старата скопска чаршија, за јавноста е отворена од 7 март.
„Оваа година изложбата е и дел од нашата годинешна програма поддржана од Министерство за култура. Темата е мајчинство. Имаме дела од нашата колекција коишто датираат од 1860 година па се до нови современи дела од 2004 и 2005 година. Ова е една сеопфатна тема која што појдовна точка беше токму мајчинстовото и жените прикажани преку овој тип на уметност и преку различни уметници“, изјави Елена Иванова, куратор на изложбата.
Темата е застапена преку повеќе ликовни техники и принципи на ликовно изразување како масло на платно, темпера на картон, молив на хартија, туш на хартија, бакрорез, монотипија, фотографија на форекс, таписерија. Скулптурите кои се дел од оваа изложба се изведени во техниките на теракота, гипс и бронза.
Изложбата ќе трае во текот на целиот месец март.
#trtbalkanmk #internationalwomensday #skopje
https://www.facebook.com/TRTBalkanMK
https://twitter.com/TRTBalkanMK
https://www.instagram.com/trtbalkanmk/
https://www.tiktok.com/@trtbalkanmk

- Catégories
- Sculptures
Commentaires